anaimpМонахиња Ана Паноска при МПЦ-ОА е родена во Прилеп, Р. Македонија. Дипломиран Стручен забен техничар при УКИМ Стоматолошки факултет, Скопје. Специјалист по филмски уметности, од областа фотографија при Интернационалениот универзитет „Еуропа Прима“, Скопје.

Во 2005г. одлучува да го посвети својот живот на Бога и оди во манастир. Бидејќи е голем љубител на византиската уметност, со божји благослов ги умножува уметничките дарови во иконопис, фрескопис, цртање врз платно и врз пченица, изработка на рачно моделирани восочни свеќи. Најчесто зографисува во стилот на Македонската школа, но понекогаш според Критската школа или во Неовизантиски стил.

sarka2020

На 21 Февруари 2020г. во Рускиот Центар во Скопје, одржа предавање на тема „Византиската икона низ делата на Руските зографи“.

Во научното списание „Просветно дело“ е објавен труд насловен „Психологија на византиската икона“. Ана Паноска / Д-р Томислав Таневски – Психологија на византиската икона, ПРОСВЕТНО ДЕЛО 73, 2 (2020) 3 - 20

Во научното списание „Просветно дело“ е објавен труд насловен „Поглед на невротско-депресивен психолошки портрет низ ортодоксна призма“. Ана Паноска / Д-р Томислав Таневски – ПРОСВЕТНО ДЕЛО 73, 3 (2020) 3 - 20

sarka2020

Иконопис. Има нацртано целивални икони за повеќе Православни храмови од МПЦ-ОА, како и за многу приватни лица од Македонија и странство (Австрија, Австралија, Америка, Англија, Израел, Германија, Холандија и други земји). Ја има нацртано иконата од Светите Пречистански Маченици, со која светите преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј се канонизираа во 2012г. како еден од настаните по повод прославувањето на големиот Јубилеј 45 години од возобновувањето на Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква. Во 2017г. има освоено 7-мо место на интернационалниот конкурс на иконографско искуство на тема „Христово Воскресение“, кој го организираше Интерпарламентарниот Православен Ансамбл, по повод 25 годишницата од неговото создавање, на кој учествуваа 63 избрани зографи од целиот свет.

Фрескопис. Библиотека во Марков манастир. Дејзис во Мала Трпезарија и  Библиотека како самостоји проекти, додека Параклис на св. Никола Чудотворец – Источен Палат, заедно со Горан Боев, каде го изведе идејното решение, планирањето на фреските, нивна постава во просторот со учество во фрескописувањето, а заедно со Дејан Кратевски  ја зографиса Фијала во дворот и Пантократор опкружен со ангели над главниот влез во Бигорски Манастир. Други самостојни проекти се: Олтарската апсида во црквата Успение на Пресвета Богородица во Крушево, Црквата св. Јован Богослов во Битола, Црквата св Атанасиј Велики во с. Пашино Рувци, Црквата св Атанасиј Велики во с. Крушеани и манастирот посветен на св. Атанасиј Велики во с. Сопотница.

Цртање врз платно. Цртање на грундирано платно затегнато во рамка, зографисување на платно за плаштаници, бајраци, надбедренци, зографисување на митри.

Цртање врз пченица (коливо). Врз посебната подлога над спремената пченица во тавата се изобразува ликот на светителот со помош на претходно обоен шеќер со прехрамбени бои.

Рачно моделирани восочни свеќи. Моделацијата во восок која ја има усовршено со својата струка, ја има применето во украсување на восочни свеќи, со рачно моделирани ликови на светители, кои се опкружени со многу цветови и други детали.

Интернет страна: www.zograf.mk